еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Со одредени исклучоци, се укинува носењето маски во затворeни простории

Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.

Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби, а учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се укинува и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со позитивни на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска ја отфрла можноста дека информацијата за притворот на Мијалков протекла од Обвинителството

Редакција

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција

Што предвидува Уставот ако на Владата и се изгласа недоверба?

Редакција