еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата преку кампања ќе ги убедува граѓаните дека „Ние сме Европа“, и истата ќе чини 80.000 евра

Владата и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) преку кампања „Ние сме Европа“, која ќе започне на крајот на август, ќе ги информираат граѓаните за придобивките и можностите од зачленувањето на земјава во Европската Унија.

Кампањата ќе чини 80.000 евра, информираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Во рамките на напорите на Владата да ги оствари стратешките цели и да ја приближи целта за влез во ЕУ, ќе се организираат серија настани во осум града во државата. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните,“ изјави Маричиќ.

Имајќи го предвид ставот на опозицијата дека се против уставни измени, Маричиќ оцени дека секоја нова внатрешна блокада ќе се одрази негативно врз државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескобар утре доаѓа во Македонија на средби со државниот политички врв

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за избори и именувања

Редакција

Одбиено барањето за изземање на Катица Јанева, Груевски не дојде во Апелација

Редакција

Ковачевски пред пратениците одговори зошто не служел војска

Редакција