еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно поткупува гласачи, нема кој да го казни

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција го повика Јавно обвинителство да го санкционира премиерот Зоран Заев, заради неговиот говор во Крива Паланка.

„Заев отворено признава дека се видел со бизнисмен кој му кажал дека ги присилува работниците, преку, го цитирам Заев – „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот“. Потоа додава, цитирам, „И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците“. Следува повторно цитирам, „Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспектива“. Заев не застанува тука и трга и во порака со поттикнување и закана, цитирам „Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе“!“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека ова е директен повик за поткуп, а законите се јасни.

„Ова е дело според најмалку четири Закони кои ја регулираат материјата поткуп во изборни цели. Уште повеќе, само два дена пред ова признание, Заев го наведува и мотивот за ова кривично дело, за овој отворен повик и поттик за поткуп на гласачи. Заев среде Делчево вели „Од штабот ми викаат, „Фали во Источна Македонија“, уште фалат бројките – со што ги потврдува сите анализи дека неговата политика за капитулацијата нема поддршка и дека тргнува во отворен поткуп кон целта.Членот 162, став 2 од Казнениот Законик вели – „Со казната од ставот 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист, или ќе прими подарок или друга корист за да го врши, не го врши или како да го врши избирачкото право““, додаде Стоилковски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како ли ќе поминеше говорот на премиерот Заев од Крива Паланка во Европскиот парламент?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски на „Преспа форум за дијалог“: Сега е историски момент сите да одлучат – што е Европа и каква ќе биде во иднина

Редакција

Од Владата велат дека македонската химна останува иста и текстуално и инструментално

Редакција

Апасиев: За една фотосесија го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата

Редакција