еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

ВМРО-Народна партија со загриженост ги следи објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија со цел да го оправда катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија и тоа со максимална ескалација на негативните односи помеѓу двете држави, информираат од партијата

„Така во серијата ирационални објаснувања пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за Македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство.

ВМРО-Народна партија во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство на попис се изјаснуваат и како македонски Бугари.

Фактите го зборуваат токму спротивното дека додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија нема кажано никако позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Фото: Фејсбук/ВМРО-Народна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 222 болни од Ковид-19

Редакција

Оставката на министерот Милевски стигна во Собрание

Редакција

Судењето за „27 април“ продолжува на 18 септември: Ќе сведочат осум поранешни пратеници меѓу кои и Талат Џафери

Редакција