еМагазин
Image default
Свет

Во Јапонија суспендирана употребата на неколку сериии од вакцината на Модерна поради контаминација

Два јапонски региони ја суспендираа употребата на неколку серии од вакцината на Модерна против Ковид-19, откако беше евидентирана контаминација на препаратот, соопштија локалните власти.

Во овие делови на Јапонија повлечени се уште милион дози од вакцината против Ковид-19 на Модерна. Причината е што „непозната состојка“ е откриена во повеќе серии.

Пред неколку дена азиската земја повлече од употреба 1,6 милиони дози на вакцината поради нивна можна контаминација во производствениот процес. Исто така, беше објавено дека две лица починале по вакцинација со дози од тие серии.

Суспендираните испораки на Модерна, вкупно повеќе од 2,6 милиони дози, се совпаѓаат со најтешкиот бран на Ковид-19 во Јапонија поради многу позаразната Делта варијанта на коронавирусот.

По првпат од почетокот на пандемијата, овој месец има повеќе од 25.000 дневни инфекции.

МИА/Фото: Photo by Ian Hutchinson on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Џонсон наместо на Зеленски, му се заблагодари на Путин за „инспиративно лидерство“

Редакција

Има надеж за компромис во преговорите со Украина, вели рускиот министер за надворешни, Лавров

Редакција

Кина: Шефот на Интерпол е под истрага заради сомневање за прекршување закони

Редакција