еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Следниве денови се очекува понатамошно намалување на бројот на заболени со Ковид-19

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук прави анализи на состојбата со Ковид-19 во Македонија.

„29.08.2021. Овие два задоцнети индикатори го потврдуваат настапувањето на врвот на летниот бран.

Првиот е ефективниот репродукциски број Rt со седумдневно усреднување, а вториот е пресекот на брзата со бавната подвижна средина на дневниот број на нови случаи (7-дневната ја пресече одгоре надолу 14-дневната подвижна средина).

Доцнењето изнесува околу 5 дена, што значи дека врвот настапил некаде околу 24.08.2021 година.

Во следните денови се очекува понатамошно намалување на дневните броеви.

Дури ни започнувањето на учебната година не би можела да даде видлива промена пред 10.09, до кога броевите би опаднале на просечно 500 новодијагностицирани дневно.

Како што беше предвидено уште на почетокот на бранот, поради високата преносливост ма Делта сојот на вирусот, бранот е остар и тесен, односно бргу искачува и бргу ќе слегува, со остар и краткотраен врв, без плато.

Поради брзото заразување и решенијата за изолација, лицата брзо се “исклучуваат од игра” и вирусот се потешко пронаоѓа нови жртви.

Но, со доаѓањето на есента преносливоста ќе се зголеми, па вирусот одново ќе успева да се пренесе на преостанатите сусцептибилни (чувствителни, односно непрележани и невакцинирани) – се до постигнувањето на доволна прележаност за и тој да престане“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Максимумот на активни случаи ќе биде за три дена, од октомври и ноември нов бран

Проф.Трајковски: Епидемијата забавува, но стапката на смртност од Ковид-19 останува висока

Професор Трајковски: Деновиве сме веќе практично на врвот, во октомври ќе видиме дали сме ја научиле лекцијата

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешната градоначалничка и инспекторка, Миликијe Халими стана директорка на АД „Аеродроми„

Редакција

Пет иницијативи до Уставен за личните карти, возачките дозволи и пасошите

Редакција

Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред полноправното членство, побара Османи на конференцијата во Рим

Редакција