еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Епидемијата забавува, но стапката на смртност од Ковид-19 останува висока

Проф.Дејан Трајковски во најновата анализа за ковид состојбата во земјава оценува дека ефективниот репродукциски број Rt, поточно неговата седумдневна просечна вредност, практично е на единица.

„Меѓутоа, бидејќи ова е задоцнет индикатор, деновиве преносливоста е веќе единечна, па дури и малку под единечна.

Со други зборови, епидемијата започна да забавува.

Ова најдобро го гледаме на дијаграмот на втората слика, за дневниот број на нови случаи во логаритамски координати.

Забележуваме дека последните 4 дена имаме линеарно намалување на логаритамот на дневната промена, а тоа значи нејзино експоненцијално намалување.

Оттука дури можеме да предвидиме дека до 10 септември дневниот број на случаи би опаднал најмалку до 500, ако не и повеќе, знаејќи дека близу врвот наклонот е помал, а потоа се зголемува.

Подвижната средина (зелената линија) е веќе рамна, што значи дека во просек во изминатите 7 дена дневните броеви во просек стагнирале со растот.

 

На фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на третата слика) забележуваме дека бројот на активни случаи забавува со раст, а максимумот ќе бида достигнат при околу 15.000 случаи, за околу 6 дена (во насока на портокаловата стрелка).

Приближно во исто време ќе настапи и врвот на бројот на смртни случаи, но истиот не би требало да искачи многу над 40 случаи дневно (на дијаграмот на четвртата слика).

 

Инаку ова е дваесетипрвиот најлош ден според дневниот број на починати.

Звучи нестварно, но дури 20 дена биле поцрни од денешниот.

Заклучно со 27.08.2021, бројот на починати од делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% – една од највисоките на светот, особено во ова време на вакцини.

Повисоки стапки (додуша од почетокот на епидемијата до денес) имале земји како Вануату, Јемен, Перу, Мексико, Судан, Сирија, Еквадор, Египет и Сомалија“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петличковски за СП: Природниот имунитет е подобар од вакциналниот, тоа не значи да се „трча„ по инфекција за подобар имунитет

Професор Трајковски: Деновиве сме веќе практично на врвот, во октомври ќе видиме дали сме ја научиле лекцијата

Професор Трајковски: Вакцините не ги оштетуваат репродуктивната или сексуалната функција, Ковид-19 ги оштетува и двете

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителен ПЦР-тест за патниците од Косово, кои поминуваат низ Македонија

Редакција

Командирот на противпожарната единица Скопје, Кочовски: Сите пожари се подметнати

Редакција

Ќе има ли „нуклеарки“ или само „димни бомби“ до крајот на кампањата?

Редакција