еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Меѓу нив и Митко Јанчев за Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ објави уште 10 кандидати за градоначалници

Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска информираше за одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата на кои се подржаа десет кандидатури за градоначалници за следните локални избори.

“Како кандидат за градоначалник на Општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски, којшто е вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Претходно бил и член на Советот на Општина Ресен во два мандати, па сметаме дека добро ги познава локалните проблеми и потреби.

Кандидат за градоначалник на Општина Крушево предлагаме да биде Билјана Проеска. Таа е професор во гимназијата во Крушево по македонски јазик, работи таму веќе 20 години.  Добро ги знае проблемите во Општина Крушево, има добра комуникација и со младите и со нивните родители и сметаме дека ќе може да го освои изборниот прага за да може да донесе победа во Општина Крушево.

Кандидат за градоначалник за Општина Делчево е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство и во Бугарија и во Германија и во општината Делчево. Сметаме дека има добар углед во Општина Делчево и ќе ја освои довербата на граѓаните.

Кандидат за градоначалник на Општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник, сметаме дека оваа негова комуникација со општината Ранковце, му овозможува комуникација со голем број од жителите коишто го предложија за да биде кандидат за Општина Ранковце.

Кандидат за градоначалник на Општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како извршен менaџер.

Кандидат за градоначалник на Општина Василево е Славе Андонов, кој што е дипломиран правник и сметаме дека ги има сите потребни квалификации Општина Василево да ја направи подобра и економски подинамична општина.

Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Семеен човек, дипломиран шумарски инженер вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и важи за добро познат човек во Општина Дебарца и сметаме дека ќе биде одличен кандидат за градоначалник на општината.

Кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци е Митко Јанчев. Сметаме дека е добро познат на македонската јавност како менаџер на една од најуспешните компании на државата, но исто така и во општината Кавадарци како градоначалник кој што реализира голем дел од проектите кои што се битни за кавадарчани. Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци.

Кандидат за градоначалник на Општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци, има добри резултати направено и претходно во самата општина по однос на доверба на други изборни циклуси и сметаме дека може да биде и добар градоначалник на Општина Зрновци.

Кандидат за градоначалник на Општина Кратово, Тодорчо Николовски, предложен од Социјалистичката партија. Николовски има правосуден испит, дипломиран правник, вработен во 2012 година во Општина Кратово. Потоа, работел и во ЈП Хидросистем Злетовица и сметаме дека со ова негово работно образовно искуство ќе биде добар и успешен градоначалник на Општина Кратово“, информираше Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Митко Јанчев можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат како градоначалник на Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за докторката од Куманово која примила поткуп

Редакција

Кои се носителите на листите на НСДП за парламентарните избори

Редакција

На Клиниката за гинекологија во Скопје се породила родилка позитивна на коронавирусот

Редакција