еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во четири украински региони ќе има референдуми за присоединување кон Русија, Путин ги подржа

Рускиот претседател Владимир Путин ги поддржа референдумите најавени во четири украински региони и ги обвини западните земји дека не се задоволни со мирно решение на украинскиот конфликт и „затоа на Киев му било наредено да ги прекине преговорите“.

Во телевизиско обраќање до јавноста, Путин рече дека „Москва ќе ја поддржи одлуката што ќе ја донесат граѓаните на регионите Донбас, Запорожје и Херсон на референдумите“.

– Ќе ја поддржиме одлуката за иднината, која ќе ја донесат мнозинството граѓани на Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонската област, рече Путин.

Тој нагласи дека Русија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да ја обезбеди безбедноста на референдумот.

Путин рече дека „терористичките напади, во кои се користи западно оружје, веќе се користат во пограничните населби на регионите Белгород и Курск, кои се наоѓаат во Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

300.000 руски резервисти ќе бидат мобилизирани да се борат во Украина

Путин прогласи делумна мобилизација, војната во Украина допрва ќе се разгорува

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е партијата „Нова Алтернатива“, чиј нов претседател ќе биде градоначалничката Данела Арсовска

Редакција

Иселеник од Делчево во Италија за својот труд награден со средба со Папата Франциск

Редакција

(Видео) Унгарија наместо 1 милијарда ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра

Редакција