Еден починат пациент и седум новозаболени од Ковид-19 е денешниот биланс во Делчево.
Делчево повеќе од еден месец е меѓу градовите со зголемен број на случаи на лица, кај кои по тестирањето е регистирано присуство на вирусот, а денес граѓаните ги растревожи и веста за починат пациент на возраст од 43 години. Пациентот пред неполн месец беше хоспитализиран, а денеска според информациите на здравствените надлежни, починал како резултат на компликации со вирусот.
-За жал веста е трагична за целиот град, се работи за младо лице, сопруг на медицинска работничка, кој што по позитивниот тест беше хоспитализиран и повеќе недели се лекуваше. За жал на крај сето тоа заврши со лошо сценарио, истакнаа здравствените надлежни.
Додаваат дека ова е трет случај на починат пациент од вирусот во Делчево.
-Ова е прв случај на починато лице под 45 години од Ковид-19 во Делчево. Претходните случаи беа кај пациенти на подоцнежна возраст што сепак е жално, бидејќи се работи за изгубени животи. Ова е доказ дека никој не треба да се потсмева со вирусот, бидејќи вирусот не знае за години и вораст, додадоа надлежните.
Почит на 43 годишниот починат пациент од Ковид-19, денес му оддадоа делчевските советници кои поради смртта на сопругот на својата колешка седницата на која требаше да се дискутира за условите под кои ќе започне новата учебна година ја одложија за в петок.
Според статистиката денес во Делчево има четворица оздравени од коронавирусот. Бројката на активни случаи од Ковид-19 со новите седуммина заразени се искачи на 76 лица, од кои од почетокот на пандемијата има и 26 граѓани од Македонска Каменица, кај кои е регистрирано присуство на корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Дебар тројца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 38 лица
Три новозаразени и три лица оздравени од Ковид-19 во Кичево
Пет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко
МИА/Фото: Општина Делчево