еМагазин
Image default
Македонија

Во Делчево три, во Берово четири нови случаи на Ковид-19

Во Пијанец и Малешевијата продолжува растот на новозаразени со Ковид-19. Според денешната статистика во Делчево денеска повторно има нови тројца заразени, додека во Берово има четири позитивни на Ковид-19.

Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека и кај денешните нови случаи вирусот се јавил кај прилично млада популација.

– Ова само се надоврзува на случаите од претходните денови кога поголем дел од позитивните беа помлади од 30 години. Денеска за жал состојбата е слична. Она што сепак е добро кај денешните случаи е тоа што немаме лица со загрозено здравје, бидејки сите случаи се асимптоматски, информираа од делчевскиот Здравствен дом.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски истакна дека од денеска зголемено е и ажурирањето на податоците со новотестираните.

– За таа цел вклучени се двајца епидемиолози од Центарот за јавно здравје кои ги ажурираат податоците мошне брзо, за да ги откриеме кластерите и да се преземат соодветните мерки со лицата, во смисла дали да бидат или тестирани или во самоизолација, рече Трајковски.

Во Берово со новите четири случаи, бројката на активни случаи заедно со Општина Пехчево се искачи на 34 лица. Во Делчево и Македонска Каменица вкупно регистрирани се 29 позитивни лица на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири новозаболени од Ковид-19 во Куманово, еден во Липково

Три нови случаи на Ковид-19 во Кичево

Петмина новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зекири заврши со сведочењето за насилството во Собранието, утре ќе сведочат Тодоров, Заев и Спасовски

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски на средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј разговарале и за прашањето за решавање на статусот на МПЦ

Редакција

ОТА, агенцијата која го контролила прислушувањето останува без директор

Редакција