еМагазин
Image default
Бизнис

Во Египет ќе може да патуваме со електронска виза

Граѓаните на Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

– Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација.

Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg. Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи.

Министерот додаде дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.

– Република Северна Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура, вели министерот Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Живко Мукаетов на листата на 100 најбогати во регионот

Редакција

Од 1 јули свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости

Редакција

Нови промени во банкарскиот сектор: Охридска ќе се присоедини кон Шпаркасе банка

Редакција