еМагазин
Image default
Локално

Во Гевгелија казнети речиси сите кафулиња поради кршење на мерките за заштита

На речиси сите кафулиња во градот Гевгелија досега од страна на надлежните инспекторски служби им се изречени казни за зголемениот број на гости во нив, непридржување на пропишаната физичка дистанца меѓу масите, како и меѓу гостите кои седат на една маса, рече денеска претседателот на Општинскиот кризен штаб градоначалникот, Сашо Поцков.

-Законите и пропишаните мерки мора да важат за сите. Ги предупредувам и економските оператори дека нема да се толерира никакво јавување преку телефон доколку не се придржуваат до здравствените протоколи, истакна Поцков.

Посочи дека регионот има многу влошена епидемиолошка состојба, за што како главна причина ја посочи недисциплината на граѓаните поради која само за една недела имавме околу 160 новозаболени од Ковид-19.

Модуларната ковид болница во Гевгелија е исполнета со пациенти и веќе се размислува за повторно адаптирање на делови од интерното и невро психијатриското одделение за прием и третман на новозаболени лица од Ковид-19.

-Здравствените работници секогаш се први на удар,а сега поради инфицираност или изолација, веќе се дури и преполовени од вирусот. Стравувам дека,ако продолжи вака,може да се случи да се соочиме и со недостаток на медицински персонал, нагласи Поцков.

МИА/Фото: Општина Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец претепан во неговиот дом од тројца гости

Редакција

Трагедија: Момче починало по удар од гром во скопско

Редакција

Измама: На скопјанка и зеле 10.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила девојче

Редакција