еМагазин
Image default
Локално

Во Гевгелија регистриран еден новозаболен од корона вирусот

Близок роднина на заболеното лице од Ковид-19 кое минатата недела, поточно на 26 јули, беше регистрирано во градот, е новото инфицирано лице кое беше регистрирано во Гевгелија во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Според епидемиологот Сашко Олумчев, со најновиот случај, досега од почетокот на пандемијата во ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија се дијагностицирани вкупно 23 случаи со Ковид-19. Од нив активни се 12, од кои двајца се жители на општина Гевгелија, седум се жители на општина Дојран и тројца се од општина Богданци.

Олумчев посочи дека досега сите случаи на заразени од Гевгелија и регионот биле со лесна симптоматска слика и вирусот го победиле со лекување во домашни услови со помош на инструкции од матичен лекар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tетовец измамен за 21.000 евра, уплаќал пари во фирма од Германија за роба

Редакција

Фингирал киднапирање за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Редакција

Опожарено „БМВ“ во Скопје, покрај него настрада и „Фиат Пунто“

Редакција