еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во градинките досега регистрирани 15 случаи на Ковид-19 кај деца и 44 кај вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирусот.

Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале во градинаките, туку ја носат од своите домови.

„Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите  работни места“, рече министерката.

Таа додаде дека Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата, бидејќи како што рече здравјето на сите гражани во моментов е нивен приоритет.

Одговарајќи на новинарско прашање за информации за заболени вработени во градинки во општините Ѓорче Петров и Карпош и голем број деца во изолација, министерката Шахпаска рече дека за тоа кој ќе оди во изолација по регистриран случај на позитивен на коронавирусот одлучуваат епидемиолозите врз основа на епидемиолошка анкета.

„Не е изненадувачки доколку некој воспитувач или негувател е позитивен во изолација да одат и цели групи до 15 деца, бидејќи во групите од три до шест години има до 15 деца“, рече министерката.

Во врска со информациите за позитивни случаи на вработени и поголем број деца во изолација во градинката „Росица„ во Карпош, Шахпаска појасни дека тоа е градинка со три објекти и бројката од 44 изолирани деца е вкупна бројка од трите различни објекти.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Редакција

Шилегов: Кој е овде луд со случајот со „Дрисла“?

Редакција

Рестораните луксуз: Угостителските услуги во јануари поскапи за 6,3%

Редакција