еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани од компанијата ЕОС Матрикс, која помага за наплата на долгови

Над 181.000 лични податоци на хрватски граѓани протекоа од компанијата ЕОС Матрикс, која им помага на компаниите професионално да си ги наплатат долговите, а меѓу нив се и податоци на неколку стотици малолетници, што е најголемото протекување на лични податоци досега.

Според Индекс, ова е второ големо протекување на податоци по отворената истрага во декември минатата година за протекување на 77.000 лични податоци од друга агенција за наплата на долгови, Б2 Капитал.

Како и во случајот со Б2 Капитал, Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗОП) за Индекс потврди дека започнала надзорна постапка.

Како што е наведено, АЗОП добила анонимна пријава дека постои основано сомневање дека голем број агенции за наплата на долгови кои работат во Хрватска разменуваат бази на податоци, што не би требало да го прават, при што доаѓа до протекување на тие податоци.

На овој начин протекоа лични податоци на 181.641 лице, меѓу кои име и презиме, матичен број, датум на раѓање, а покрај должници има и содолжници, жиранти и заложни должници.

Спорно е дека базата на податоци на ЕОС Матрикс содржи и лични податоци на 294 малолетници, а не е јасно како таа агенција ги собирала личните податоци на малолетниците.

Од ЕОС Матрикс признаа дека нивната база навистина содржи податоци за малолетници, но наведуваат дека тоа е направено врз основа на судски пресуди за наследување, односно за лица за кои е утврдено дека се наследници на лица кои се должници.

Индекс откри дека за ЕОС Матрикс, наследниците всушност вклучуваат потенцијални наследници, т.е. деца на должници, потенцијални идни должници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас ги потсети Комунистите за неправдата нанесена на Егејците: Оставам на вашата совест дали ќе гласате

Редакција

(Видео) Дваесет години Клиника „Жан Митрев“: Како почна новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија

Редакција

Уредбата на Владата за помош на медиумите е селективна и не ги опфаќа сите медиуми, сметаат од ЗНМ и СЕММ

Редакција