еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Во избор на ЕСПН, македонскиот дрес најубав на Европското првенство во фудбал

Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН.

– Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови.

Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате и на дресот тогаш дефинитивно имате и шанса, го образложија својот заеднички избор, еден од уредниците на „ЕСПН“, Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски репрезентативец, Херкулес Гомес, кој сега работи како стручен коментатор за американската телевизиска мрежа.

Македонскиот фудбалски дрес во црвено – жолта и во бела комбинација е дизајниран од германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој од 2014 година ги „облекува“ македонските фудбалски репрезентации.

МИА/Фото: ФФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок променливо, врнежливо и постудено време

Редакција

(Фото) Македонија е најпребарувана локација на „Гугл“ , кога станува збор за место кое е поврзано со наградите за Оскар

Редакција

Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки, вели српскиот министер за трговија Момировиќ

Редакција