еМагазин
Image default
Македонија

Во колони се чека за премин на македонско – бугарската граница: 6.000 Македонци денеска заминаа на скијање

На граничниот премин „Деве Баир“ денеска е зголемена фреквенцијата на возила кои ја преминуваат македонско-бугарската граница. Возилата чекаат за премин во колони. Задржувањето од македонска страна е помалку од половина час, но за пасошка контрола од бугарска страна се чека подолго.

Според Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор (ПС ГК и ГН) причина за зголемениот број возила е тоа што повеќето бугарски државјани кои за новогодишните празници биле во Охрид и Албанија, сега се враќаат. Но, покрај бројните бугарски туристи кои се враќаат дома, голем е и бројот на македонски и странски државјани кои одат на зимување во атрактивните зимски ски-центри Банско и Боровец, како и во блискиот ски-центар кај Ќустендил, „Три буки“.

Проценките велат дека последните два дена од 2018 година во државата низ „Деве Баир“ влегле над 6.000 бугарски државјани со неколку илјади автомобили и околу педесетина автобуси. Притоа, најголемиот број се туристи кои заминале за Крива Паланка, Охрид и Албанија.

Од ПС ГК и ГН информираат дека до 12 часот денеска од Македонија во Бугарија влегле околу шест илјади патници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Судење за „Титаник“: Во мобилни станици за болни лица и инвалиди биле сликани лица од Албанија

Редакција

166 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција