еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 40 пациенти со симптоми на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на Kовид-19, информираат од Министерство за здравство.

„На интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа шест во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и четири пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.

На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти. Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациенти, од кои 14 деца и 27 возрасни.

Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство информираат дека и покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Собрани вкупно 45.000 потписи за поништување на Законот за попис

Редакција

Убава вест: Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Редакција

Намалување од 20,1%: Минатата недела 3.808 нови случаи на Ковид-19

Редакција