еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 3 нови хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 48

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 5 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Редакција

Ахмети: Идентитетот на Македонците и самата Македонија, тешко дека ќе опстојат надвор од НАТО и ЕУ

Редакција

Една пациентка од Скопје почина од корона вирусот

Редакција