Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а 3 на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени исто 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ