еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациент, а вкупно се лекуваат 459

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, по еден пациент на ОРЛ и на Клиниката за неврологија и тројца на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 10 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на
Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 21 болен.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Вкупно 459 пациенти потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетиот Кешишев раскажа за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

Редакција

И Стевчо Јакимовски собра 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Македонија

Редакција