еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 29 пациенти, а вкупно се лекуваaт 255

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија нема да ја блокирала Македонија за членство во ЕУ, вели Борисов

Редакција

Македонија под закани за кибер напади, МНР било цел на обид и пред ескалацијата во Украина

Редакција

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

Редакција