еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациенти, а вкупно се лекуваат 461

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за  уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти.

Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 7 деца и 28 возрасен,“ се вели во соопштението.

Вкупно 461 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 438 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 200

Редакција

Османи сам одлучил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Редакција

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Редакција