еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи сам одлучил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија на владејачката ДУИ, Бујар Османи сам, без одлука на Владата, одлучил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за геноцидот во Сребреница за која треба да се гласа во Обединетите нации..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија коспонзор на резолуцијата во ОН за геноцидот во Сребреница, за која се противи Србија

– Јас ги носам тие одлуки како министер и сум дал инструкција на нашиот амбасадор во ОН да биде коспонзор и да ја поддржи резолуцијата. На дневна основа поддржувам резолуции, отфрлам резолуции, гласам за држави кои се кандидираат за одредени позиции. Тие одлуки ги носи министерот самостојно како спроведувач на надворешната политика, изјави денеска Османи.

Оваа одлука на Османи предизвика жестоки реакции за Македонија и Македонците од страна на Србија, која прави напори таа резолуција да не биде донесена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Северномакедонците би можеле барем да се воздржат ако не можат да ја поддржат Србија“: Реакции за македонското коспонзорството на резолуцијата за Сребреница

Тој информираше и дека од Министерството за надворешни работи вчера имале средба и со амбасадорката на Србија во земјава.

-И рековме дека ова не е однос кон Србија и народот, туку кон едно злосторство кое е направено и за кое меѓународни судовите констатирале дека е геноцид, а негирањето и глорифицирањето на сторителите е продолжување на геноцидот во друга форма.

Најдобро за Србија е да ја залечи оваа рана како што ја направија и други држави со пресуди за злосторства против човештвото, рече Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Редакција

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро” го проширува своето присуство во Македонија со отворање на Тренинг центар

Редакција

Груби не и верува на Антикорупциска

Редакција