еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 66 пациенти, а вкупно се лекуваaт 629

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 629 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 17 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 652 казни за неносење маска

Редакција

Денеска почна таргетираниот скрининг со ПСР тестови: Први се тестираат вработените во градинките

Редакција

Анкета: 51,1 отсто од Бугарите го поддржуваат влезот во ЕУ, но доколку земјава веднаш го спроведе Договорот за добрососедство

Редакција