еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 592

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица.

На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивен на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица заразени од корона вирусот починаа на штипското Инфективно одделение

Редакција

Продолжува судењето за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани

Редакција

Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако нема напредок за историските прашања, порача Каракачанов

Редакција