еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Во Куманово се одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020. Настанот се одржа во Куманово во зградата на поранешен Комитет во Кружната Сала.

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги претстави активностите кои што беа преземани во текот на Кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020. Кампањата започна на 21 ноември 2018 година со продолжено траење од 18 на 24 месеци, поради Ковид-19 пандемијата.

Настаните ги опфаќаат организирањето на ИПАРД инфо-едукативни деновите, ИПАРД форумите и ИПАРД работилниците. Исто така, во рамките на Кампањата како активности, се изработени и дистрибуирани Барања за користење на средства и Упатства, брошури, постери, изработка и објава на аудио и видео спотови, како и навремено ажурирање на веб страницата www.ipard.gov.mk.

Од одговорните институции информираа дека се одржани повеќе од 80 инфо едукативни денови во општините и руралните места низ целата држава, форуми и работилници, каде што потенцијалните корисници на ИПАРД фондовите беа информирани за спроведувањето и користењето на ИПАРД средствата.

Во текот на спроведувањето на инфо деновите во фокусот на беа опфатени Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, Мерка 3 – Инвестиции во основни средства кои се однесуваат на преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Исто така, во текот на спроведувањето на Кампањата, беа спроведени и 3 форуми, во Велес, Берово и Валандово, како и 5 работилници низ земјата.

Целосната презентација од завршниот настан за Кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020 можете да ја проследите на следните линкови: ipard.gov.mk/mk или youtube.com.

Повеќе информации за спроведување на активностите се достапни на веб страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk, а дополнителни информации и детали за ИПАРД фондовите може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), (mzsv.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (agencija.gov.mk) и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, (ipardpa.gov.mk), или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Овој пат влогот е голем“, рече Димитров за евентуален договор со Бугарија на панел на Форумот Делфи, на кој приствуваше и Вархеји

Редакција

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

Редакција

Кукан: Северна Македонија може да добие датум за преговори на есен

Редакција