еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во септември изнесувала 27.405 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2020 година, изнесувала 27.405 денари, што е зголемување за 7,7 отсто во однос на просечната плата во истиот месец минатата година.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (10,6 %), Преработувачка индустрија (10,2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7,1 %), Уметност, забава и рекреација (6,4 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,2 %)“, соопшти Државниот завод за статистика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија 93. според индексот на корупција на Транспаренси интернешнал: Во регионов подобра само од Албанија

Редакција

Голем број од јавните набавки во општините во Скопје склучени без оглас

Редакција

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Редакција