еМагазин
Image default
Македонија

Во Куманово седум, во Липково шест новозаболени лица од Ковид 19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково.

„Сите заболени потекнуваат веќе познати кластери“, изјави директорот на центарот, д-р Ариф Љатифи и додаде дека се извршени 56 тестирања, од нив 18 по „Мој термин“, а останатите се согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 723 лица, а во моментов активни се 268 случаи.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Вториот бран на корона вирусот посилен од првиот

Детален преглед по општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заразени од корона вирусот

Болниците се полнат, во потешка состојба 58 пациенти заразени од корона вирусот

Шест лица починаа од корона вирусот, вкупно 265

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендирани полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник

Редакција

Моника Зајкова единствен кандидат: ЛДП денеска бира претседател

Редакција

Вработена во Армијата барала поткуп од 3.000 евра од кандидат за да биде примен на работа

Редакција