еМагазин
Image default
Бизнис

Во Македонија има 8.459 слободни работни места: Најмногу во Пелагонискиот регион

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година во Македонија има 8.459 слободни работни места и 499.190 пополнети работни места. Стапката на слободни работни места изнесува 1.67 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот административни и помошни услужни дејности – 5.08 %, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.21 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.44 %.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.35 %. Најголем број слободни работни места, односно 3.264, има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев ќе претседава со економскиот управен комитет меѓу Македонија и Германија

Редакција

Владата усвои законски измени: Се предлага прагот за ДДВ обврзници да се зголеми на два милиона денари

Редакција

Агенцијата за катастар нa недвижности на привремени вработувања ќе потроши 6,8 милиони денари

Редакција