еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Македонија има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари, рече Џамбаски во Европскиот парламент

Денеска пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент во Брисел, се обратија и бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Александар Александров Јорданов, кои ги бранеа бугарските позиции во прашањето за разговорите со Македонија.

Европратеникот Џамбаски рече дека Западниот Балкан е дел од ЕУ, а земјите пред да влезат во ЕУ мора да направат одредени важни реформи.

-Има повеќе проблеми кои се од минатото. Има и поранешни тоталитарни режими кои владееја во регионот. Сега има промена и време е да се престане да се зборува за тоталитарни режими. Зборувам за Северна Македонија и за Република Србија.

Човековите права, правата на самоопределување се многу важни. Во Северна Македонија, Бугарите се посочуваат со прст како непријател и има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари.

Во Северна Македонија ја гледаме југословенската пропаганда, почитување по Тито и за неговите болшевички и античовечки политики. Да ве потсетам дека имаше концентрациони логори кои ги водеше Тито во Македонија и многу Бугари беа жртви. Тоа треба да се признае и треба да се осуди, рече Џамбаски.

Крајно време е, смета тој, дека треба да се наградат заложбите на Албанија. Зборувајќи за обраќањето на претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, рече дека тој со години „полагаше на диктаторот Милошевиќ“.

-Тој рече дека Бугарија извршила злосторства во Северна Македонија, не знам што мисли зашто Бугарите биле пречекувани како ослободители во Македонија, рече Џамбаски прашувајќи го кога Србија ќе ги отвори досиејата на разузнавачките служби и кога Србија ќе ги осуди злосторствата што биле извршени против луѓето во поранешна Југославија.

-Сакате да влезете во ЕУ? Тоа си има цена, рече бугарскиот пратеник.

Европратеникот Александров Јорданов рече дека Северна Макдонија одбива и ја блокира работата на историската комисија формирана по формирањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Тој додаде дека ги слуша забелешките на своите колеги дека треба да се изврши притисок врз Бугарија, но, како што рече, „притисок не е европска вредност“.

Пред Комитетот за надворешна политика на ЕП денеска свои обраќања имаа претседателите на парламентите на шестте земји од Западен Балкан, кои исто така по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествуваат на Самитот на претседатели на Парламенти: „Европски парламент – Западен Балкан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без одложување треба да се одреди датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, порача Џафери од Брисел

МИА/Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Укинати ковид-мерките, маските и натаму задолжителни во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега

Редакција

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Редакција

Црн ден за Македонија: Починаа уште 14 лица од Ковид-19

Редакција