еМагазин
Image default
Македонија

Во Охрид активни 576 случаи на Ковид-19, изминатата седмица 206 новозаболени

Во периодот од 28 ноември до 4 декември во Охрид се дијагностицирани 206 лица позитивни на Ковид-19, 196 лица од Струга и 36 лица од Дебар.

Изминатата седмица Центарот за јавно здравје од Охрид извршил вкупно 236 тестирања за присуство на Ковид-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, а дополнителен број се направени во приватни лаборатории.

Во истиот период се оздравени 229 лица од Охрид, 142 лице од Струга и три лица од Дебар.

Починати се шест лица од Охрид и девет лица од општина Струга. Активни случаи на Ковид-19 во текот на вчерашниот ден се 576 во Охрид, во Струга 480, а во Дебар 132.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 3.843 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1.757 лица во општина Охрид и Дебрца, 1.595 лица во општина Струга и Вевчани и 491 лице во општина Дебар и Центар Жупа.

Оздравени пациенти од Охрид се 1.178, од Струга 1040, а од Дебар и Центар Жупа се 344 пациенти.

Од општините Охрид и Дебарца досега како последица на коронавирусот се починати 58 пациенти, од општините Струга и Вевчани 97, а од Дебар и Центар Жупа 21 лице.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското Собрание едногласно го ратификува протоколот за НАТО

Редакција

Унгарската амбасада во Тирана не сака да коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата

Редакција

Убава вест: 307 оздравени од Ковид-19

Редакција