Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА.
-Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека лицата се на возраст од 25-54 години, а три лица се од машки пол.
Две од пријавените лица се регистрирани од Кочани.
Во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се по две лица со хетеросексуална трансмисија и од МСМ популацијата.
Во текот на месец октомври, регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА, еден смртен случај на лице пријавено во 2022 година и еден смртен случај од новорегистрираните лица во октомври 2023 година, стои во билтенот на ИЈЗ за движење на акутните заболувања во Македонија за октомври.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.10.2023 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987 – 2023 година, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ, 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во септември регистрирани 4 случаи на ХИВ и 3 на СИДА