Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе во Пекинг, соопштија кинеските власти. Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.
Напаѓачот е уапсен, а кинеските медиуми наведуваат дека тој бил вооружен со нож, а очевидци тврдат дека имал и чекан в рака.
Директорот на училиштето им кажал на родителите дека осомничениот е незадоволен поранешен работник кој бил отпуштен, а работел како домаќин во училиштето. Полицијата засега не ги откри мотивите за нападот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.