Во притвор до судењето ќе биде македонскиот државјанин осомничен за убиството на Гркинката

43-годишниот Мишко Л., македонски државјанин, кој е осомничен за убиство со умисла на 45-годишната Гркинка Ставрула Левендаки, од вчера е во притвор, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Таму ќе остане до стартот на судењето.

Како што информираше грчката полиција тој го признал убиството, но им посочил дека истото не го планирал, туку до него дошло по расправија со жената, во чија куќа четири години бил потстанар на островот Крит.

Грчките медиуми пак пренесуваат дека тој побарал и прошка од семејството на убиената жена.

Неговата сопруга пак смета дека е невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Мојот сопруг е невин“, вели сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на 45-годишната Гркинка

Македонскиот државјанин е осомничен за убиство со умисла на 45-годишната Левендаки

Македонскиот државјанин и убиената Гркинка имале љубовна афера?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести