еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во рамки на проектот Балканска синтеза во Прилеп се одржаа концерт за пијано

Во рамки на проектот Балканска синтеза, како реципроцитетна билатерална соработка на покана на фестивалот Имаго во Местни Музеј, Љубљана, Словенија, во Прилеп се одржаа концерт на пијано во НУЦК, „Марко Цепенков„, поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Амбасада на Република Словенија во Скопје, Установа Имаго Словенија, Општина Прилеп и Комфи Ангел ДОО.

Со овој проект се одбележаа 20 години концертна дејност на пијанистот проф.м-р Јасмина Трајческа и на пијанистот проф. м-р Ловорка Немеш Дулар, 30 години независност на РС Македонија и 95 години од раѓање на комопозиторот од Словенија, Јанез Матичиќ.

Во рамки на проектот ќе се одржи уште еден концерт во Љубљана на 16 август.

Идејата на овој проект е вмрежување и синтеза на заедничка плодна соработка на пијанисти и композитори од Македонија и Словенија, како и афирмација и промоција на македонската класична музика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентите за младите: Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Редакција

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот Хјундаи Тусон освоен на инстант лоз на Државна лотарија

Редакција

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Редакција