еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Во рамките на МОТ, почнуваат претставите од селекцијата за наградата БИШ

И оваа година Мал отворен театар (МОТ) ја доделува наградата БИШ, иницијатива која ја започна минатата година, како дел од заложбите за поддршка и промоција на домашната (пред сè) независна сцена, информираат од таму

На отворениот повик на кој се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, на овогодинешното издание на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави.

За вечерашниот репертоар на МОТ се две претстави.

Првата е “Вилицата на Ибен Бајерс“, со почеток од 20:00 часот во НОБ на малата сцена. Автор на преставата е Филип Грујиќ, а режисер Борис Василевски.

„Вилицата на Ибен Бајерс“ сведочи за извонредниот подем и трагичниот пад на Ибен Бајерс, човек обземен од амбиции и заробен од смртоносна привлечност. Така, со возбудлив приказ на ненаситната потрага на еден човек за моќ, оваа претстава навлегува во вистинската приказна за протагонистот, харизматичен индустријалец чиј живот добива судбоносен пресврт кога ќе наиде на моќен напиток.

Застрашувачко истражување на човечкиот дух, што ги истакнува опасностите од неконтролираната амбиција и кревкоста на нашето постоење – сплет на хибрис и трагедија, кои даваат одговор на многу навидум едноставни, но сепак комплексни човекови дилеми„, стои во описот за преставата.

Играат: Марјан Наумов, Ава Хусеини, Благојчо Стојанов, Томислав Давидовски, Јанка Лефкова, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли.

Драматургијата е на Стефан Миленков, музиката на Сашко Костов, сценографијата на Ненад Тонкин, костимографијата на Марта Дојчиновска, дизајн на светлотло – Александар Јовановски, дизајн на плакатот – Искра Илиеска, а продуцент е Андреа Маркоска.

Втората е “Немиот келнер“, со почеток од 22:30 во МКЦ – Фросина.

Автор е Харолд Пинтер, а режисер Александар Ивановски.

“Политички ангажирана претстава, која зборува преку секојдневните човечки односи и се занимава со процесите и состојбите низ кои поминуваме додека сме обесправени, немоќни и понижени.

Бен и Гас се наоѓаат во подрумска просторија и се во исчекување на насоките за извршување на нивната следна задача. Но, настаните го менуваат својот вообичаен тек.

Ова не е апсурд. Ова е реализам кој ја прикажува апсурдноста на нашето постоење. Сите сме ликови затворени во Пинтеровиот подрум, несвесни дека нашите животи не ни припаѓаат само нам. Веруваме дека самите ги носиме своите одлуки, цинично судиме за туѓата глупост, длабоко уверени дека ние сме поинакви. Но што кога ќе се скрши илузијата и ќе сфатиме дека целото ова време пред нас стоела чиста моќ? Бидејќи моќта е постојано тука некаде: во соседната соба, позади вратата, во ходникот. Дури и кога е непрепознатлива и скриена, законот на моќта секогаш дејствува“, стои во описот за преставата.

Играат Васко Костовски и Мартин Ѓоргоски.

Преводот од англиски е на Марио Стојаноски, извршен продуцент е Батухан Ибрахим, сценографија е на Ненад Тонкин, костимографијата на Елена Кузманов, дизајн на светло е на Андреј Неделковски и дизајн на плакатот – Тео К. Атанасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружението на жени менаџерки „Елит“ подарија „Големо срце“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“

Редакција

Убава вест: Оздравени 523 болни од Ковид-19

Редакција

80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција