Штипското Инфективно одделение се очекува за една до две недели да се стави во функција за пациентите, на кои им треба болнички третман.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека за една недела треба да се постави современ противпожарен систем, а средствата за негово поставување се обезбедуваат по пат на донации, бидејќи правилата за претстојните локални избори не им дозволуваат да распишат тендерска постапка.
Ѓеорѓијев забележува дека по завршување на сите градежни активности околу Инфективното одделение ќе биде ставено во функција, а модуларната болница ќе се користи само доколку се зголемува бројот на пациенти.
Според болничкиот извештај во модуларната болница се лекуваат 43 пациенти, а 10 се на Кожното одделение, на кислородна поддршка се вкупно 37, во дневната амбуланта имаат 57 прегледи.
Во изминатите 24 часа нема починат пациент во модуларната болница.
МИА/Фото: МЗ