еМагазин
Image default
Македонија

Во Скопје запленет хероин во вредност од 200.000 евра

Полицијата во Скопје заплени околу пет килограми хероин, чија вредност е проценета на околу 200.000 евра.

Како што информира МВР, службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на улица „Босна и Херцеговина“ во Скопје го привеле А.О. (37) од Гостивар, кај кого се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец.

– При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215, се додава во соопштението.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога „за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела“.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен до Петков: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 за старт на преговрите со Скопје и Тирана

Редакција

26 од случаите на заболени со коронавирусот во Македонија се од надвор

Редакција

Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи

Редакција