еМагазин
Image default
Македонија

Во службената белешка за Камчев има сериозни аргументи, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) со службена белешка, која е класифициран документ, бил информиран за причините за приведување на Орце Камчев и ги оценува како сериозни.

-Нормално дека сум информиран од институцијата што е под надлежностна Владата, Агенцијата за национална безбедност преу службена белешка, строго доверливо, за деталите за поднесокот пред Јавното обвинителство (ЈО).

Тие се строго доверливи и не можам да да ги коментирам, но можам да кажам дека се сериозни причини кои биле основ да посегнат по една ваква белешка да ја достават до надлежен орган, до ЈО кое понатаму одлучува, презема дејствија или не и кое еве одлучило да преземе пред судот и судот донел одлука, изјави Заев, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека според она што го видел во белешката и тоа како е аргументирано сериозно за надлежна институција, независна од извршната власт, да се замисли и, како што рече, да донесе одлука.

-И видовме дека донесе одлука, односно бараа притвор и судот донесе одлука за притвор. Оставам понатаму надлежите институции доколку одлучат да споделат одредени детали.

Јас не би споделувал детали, бидејќи се работи за класифициран документ со кој комуницираат инситуциите со премиерот, со претседателот на државата, со претседателот на Собранието, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надлежност ни е да информираме ако има сомнеж за бегство, велат од Агенцијата за национална безбедност за случајот со Камчев

Кривичен ја одби жалбата на Камчев за притворот

Во кои случаи се води истрага за Камчев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ го тужи Министерството за информатичко општество и администрација поради кратење на средства

Редакција

Судење за „Титаник“: Командири на МВР, во 2013 година во Струга барале поддршка за заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

Лажна пријава за бомба пред Влада, јавувачот е откриен и приведен

Редакција