еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Србија се истражува еден случај кај дете, за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло

Во Србија се истражува еден случај кај дете за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло, пренесува Телеграф.

Детето кое има заболување на црниот дроб предизвикано од аденовирус, е сместено во белградска болница каде што се вршат испитувања, дали станува збор за аденовирусот кој најпрво се појави во Велика Британија, потоа во Ирска, САД, Израел, Холандија, Шпанија, Данска, Италија, Норвешка, Франција, Белгија, Романија, Јапонија и Канада.

Професорот д-р Драган Делиќ, гастроентерохепатолог за Телеграф изјави дека зад оваа болест од непозната причина најверојатно се крие инфективен агенс, а првите резултати укажуваат дека се работи за аденовирус од серотип 41.

Тој вели дека нема причина за паника, туку треба да се применуваат превентивни мерки – лична и колективна хигиена.

– Аденовирусот се пренесува со капки и контакт. Многу ретко е во текот на летото, на пример во базени, во вода, но првенствено се пренесува со капки. Тоа е болест, пред сè, на детска возраст, на помала возраст.

Се манифестира со фарингоконјуктивална треска – воспаление на фаринксот и конјуктивата, односно конјунктивата е воспалена, вели проф. Делика, пренесува „Телеграф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непознат хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран во 11 земји, досега најмалку четири починале

Кои се симптомите на непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Превентивно повлечени и други серии од производите „киндер“

Редакција

Твитер „збесна“: „Мира Дизел на деловен состанок во Швајцарија, се очекува банкрот на државата“

Редакција

Во март регистрирани четири случаи на ХИВ и два на СИДА, лицата се на возраст од 20 до 44 години

Редакција