еМагазин
Image default
Македонија

Во Свети Николе регистриран прв случај на Ковид-19 кај дете во градинка

Во градинка во Свети Николе е регистриран прв случај на дете позитивно на корона вирусот.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски истакна дека детето не се заразило во градинката, туку надвор од неа, а по овој случај останатите деца во групата заедно со воспитувачката и негователката се во изолација.

„Во групата се четири деца, а според епидемиолозите во градинка можат да се вратат на 1 октомви. Децата и вработените кои се во изолација немаат никакви симптоми, но пред повторно да се вратат во градинката, најверојатно ќе бидат тестирани“, вели Велковски.

Во изминатиот период од отварањето на објектите на градинката во Свети Николе регистрирани се вкупно три случаи на Ковид-19 кај вработени.

Во штипските градинки „Вера Циривири-Трена“ и „Астибо“ не е регистриран ниту еден случај на позитивен на коронавирусот кај деца или вработени, а секој сомнителен случај согласно дадениот алгоритам се тестира.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 10 декември

Редакција

Во велешко 4 новозаболени и тројца излекувани од Ковид -19

Редакција

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

Редакција