еМагазин
Image default
Македонија

Во велешката болница од Ковид-19 почина жена,150-та жртва од почетокот на пандемијата

Во велешката болница почина жена на 84-годишна возраст од Велес, позитивна на Ковид-19, која била лекувана десет дена во модуларната болница. Таа е 150 жртва од Велес и Велешко што почина како последица на Ковид-19.

„И вчера во Велешката болницата исто така почина жена, на 81-годишна возраст од Велес“, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 97 лица, од кои 85 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување.

Споредено со вчера има пет пациенти помалку кога беа хоспитализирани 102 пациенти од кои 95 потврдени на Ковид-19.

Јованова информира дека на кислородна поддршка се 45 пациенти.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на активисти и подржувачи на ВМРО ДПМНЕ, вршеле претрес и во детска соба

Редакција

Намалување од 13,4%: За една недела 6.867 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Редакција