еМагазин
Image default
Забава

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија

Познатиот македонски пијанист Дино Имери ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција. Имери пред публиката излегува со атрактивна програма во која ќе бидат интерпретирани дела од Мануел Де Фаља, Фредерико Момпу и Морис Равел.

Посетителите ќе можат да уживаат и во особено виртуозните и спектакуларни дела „Кармен“ и  „Шпански валцер“ од Жорж Бизе, во аранжмани на Владимир Хоровиц и Аркадиј Володос.

Концертот ќе се одржи в среда, 17 мај 2023 година во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот.

Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар.

Настапувал во Австрија (турнеја во Палата „Естерхази“, „Liszt-Zentrum“, J. Haydn Kons), Италија (Рим, Бари), Франција (рецитално отворање на „Piano Plage Festival“, со оркестарот на Стразбуршката филхармонија), Хрватска (Загреб, „Ватрослав Лисински“, Дубровник, Epidaurus Festival), Србија (“Коларац”, Галерија „Artget“ – Белград), Бугарија (со Софиската филхармонија).

Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др.

Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар, балет и инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти како што беше и проектот „Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“.

Како ценет професионалец, Имери е често пати член на меѓународни стручни комисии на престижни музички натпревари во регионот и Европа. Имери е и доцент на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва можеби за последен пат Македонија настапува на Евровизија, МРТ најави можност од следната година повеќе да не учествуваме

Редакција

(ВИДЕО) Кој се доби Оскар

Редакција

Како ќе се купува пиво на Пиволенд, кој почнува вечерва

Редакција