еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Волстрит журнал: Ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“ е геополитичка победа за Москва

Високото ниво на ефективност и безбедност покажани од руската вакцина донесе значајната геополитичка победа на Москва, и потенцијална мултимилијардна добивка во промоцијата на вакцината и запирањето на пандемијата дома, објави синоќа „Волстрит журнал“.

Ова е првпат американско издание да дава позитивни оценки за руската вакцина „Спутник V“, во чест на првиот вештачки сателит лансиран на Земјината орбита.

Како што се наведува, разултатите од третата фаза клинички испитувања на вакцината беа објавени во списанието „Лансет“. Резултатите, засновани на податоци добиени од речиси 20.000 учесници во испитувањето од кои три четвртини ја примиле вакциата, а една четвртина примиле пласибо, се наведува дека ефективноста на вакцинацијата против Ковид-19, се администрира во две дози, е 91.6 отсто.

Според весникот, ефективноста на рускиот препарат е речиси еднаква со вакцините развиени од компаниите „Модерна“ и „Фајзер/БиоНТек“. Притоа, руската вакцина е многу подобра од онаа на британско-шведската фармација „АстраЗенека“.

Исклучителниот резултат на „Спутинк V“ претставува „значајна победа на претседателот Владимир Путин во глобалната трка по вакцината, обезбедувајќи глас на доверба во способноста на руската наука и медицина, наведува весникот.

Се додава дека резултатите покажуваат колку биле неумесни критиките со кои се судри Москва поради брзото создавање на вакцината.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година

Редакција

195 нови случаи на Ковид-19 од 2.249 тестови, 29 се реинфекции

Редакција

Убава вест: Оздравени се 587 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција