еМагазин
Image default
Техно

Воодушевувачки трендови за внатрешен дизајн

Домот отсекогаш бил поим за прибежиште каде луѓето наоѓаат мир и спокој по напорниот ден, а потоа сила и инспирација за нови предизвици. Сепак, современите околности доведоа до тоа да многумина работат од дома. Токму затоа се трудиме да го направиме нашиот дом поудобен од кога и да е, притоа одржувајќи ја елеганцијата и софистицираноста. Овие модерни трендови носат нова перспектива на удобност и функционалност и се прилагодливи на секој стил

Помалку е повеќе

Популарната поговорка less is more во никој случај не подразбира минимализам кој го исклучува богатството на содржината, туку предлага функционална организација на просторот. Можеби станува збор за навика која е специфична за нашите простори, но скоро сите ја ориентираме дневната соба кон местото на телевизорот и комодата каде што тој стои, што често зазема непотребно многу простор.

Постои ли решение за тоа? Одговорот е Samsung The Serif со својот прогресивен дизајн, внесува уметност и модерна технологија во вашиот ентериер што се вклопува во секаков вид на дизајн. Одвоениот држач овозможува овој телевизор да биде целосно подвижен и прилагодлив за секој простор, а освен што ослободува простор, истовремено го збогатува со својата елеганција и софистицираност.

А што е со уметноста?

Во нашиот дом секогаш може да вдишиме нова енергија преку уметноста. Вашите ѕидови се ваша уметничка палета, а денес главниот мотив на беспрекорно декориран ѕид што остава без здив може да биде и телевизорот. Samsung The Frame е одличен пример за комбинација на висока и најиновативна технологија во еден уред кој следејќи ја модерната естетика совршено го надополнува секој ентериер. Исполнете го својот амбиент со топли цветни мотиви или освежувачко сино небо и море од уникатната Art продавница што го претвора вашиот дом во уметничко студио.

Восхитете ги со стил и естетика

Ако често работите од дома, имате потполна слобода и удобност кој што нема потреба од конвенционалност. Меѓутоа, ако вашите партнери или клиенти доаѓаат во вашата домашна канцеларија, а сакате да оставите професионален впечаток, импресионирајте ги со софистицирана мешавина од дизајн и технологија со новиот телевизор Samsung The Sero. Овој уред ви овозможува да ја гледате секоја содржина од најдобриот агол со опцијата за ротација во вертикална положба. Покрај тоа што обезбедува совршено огледало на целата дигитална содржина како што се разни презентации, документи или апликации, исто така претставува и одлично визуелно решение за модерен деловен простор.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уживање во најдобрите филмови и серии со Samsung QLED телевизорите и HBO GO

Редакција

„Мои Доктори“: Нова апликација известува за нови термини во Мој Термин

Редакција

Македонската мобилна апликација Challenger препознаена од Google Play во кампањата #WeArePlay

Редакција