еМагазин
Image default
Локално

Возач излетал од пат откако му се слошило, во болница констатирале смрт

Тетовската полиција бележи смртен случај кај возач 52 годишник, кој излетал од патот откако му се слошило.

Возачот се движел со сопатник, а излетувањето се случило на автопатот Тетово – Скопје.

-Во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека движејќи се со патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј. (52) од тетовски Копачиндол, кој го управувал возилото, наеднаш му се слошило и излетал од коловоз.

По излетувањето тој и сопатникот А.И.(62) од истото село пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, а лекарите констатирале смрт на Ш.Ј. додека сопатникот завршил со лесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а телото на починатиот предадено му е на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два дена исчезнаа две лица

Редакција

Жител на Бутел пријавил дека му фрлиле бомба во дворот

Редакција

Изменет сообраќаен режим во Скопје за Првомајскиот синдикален марш

Редакција