(Фото) Возач возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, полицијата го приведе

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишиле од слобода М.Ш. (39) од тетовското село Челопек, кој на 02.08.2026 година околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии на социјалните мрежи.

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Фото: Unsplash/Фејсбук/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести