еМагазин
Image default
Локално

Возачи бараат да се исчисти од снег автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод

Тешко се одвива сообраќајот на автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод, алармираа до МИА возачите кои патуваат по оваа делница.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Тексителец“ неколку часа патувала по оваа делница и вели дека коловозот е лизгав и има наноси од снег, а по патот како што вели, можеле да видат и возила, кои стојат настрана, а забележале и две сообраќајни несреќи.

Возачите кои патуваат по оваа делница апелираат да не се тргнува на пат или доколку мора да патуваат задолжително да си ги стават синџирите на гумите.

Од штипската подружница на ЈП „Македонија пат“ велат дека нивните машини чистат до клучката кај Преод, додека делот од автопатската делница, каде што паѓа снег е под надлежност на скопската подружница.

На делот каде што се надлежни од штипската подружница на автопатот веќе се излезени возила за расчистување на снегот, а коловозот се посипува со сол и ризла. На терен се неколку возила, бидејќи врнежи од снег има и на експресниот пат Штип-Велес.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец физички нападнал полицаец

Редакција

872 казни на територијата на цела држава за брзо возење

Редакција

Приведени три лица за питачење, ќе одговара и мајка на малолетно дете

Редакција